Media

СИСТЕМОТ ЗА НЕГА И СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА Е СЕГА КОМПЛЕТЕН!

 

Системот за нега и стимулација на растот на косата од Revalid е сега комплетен!

Произведени во Швајцарија, производите од колекцијата Revalid наменети за  стимулација на растот на косата ги опфаќа новиот Revalid шампон за стимулација на раст, како и Revalid серумот за раст. Шампонот, исто како и серумот ја содржи иновативната состојка Redensyl. Најновата состојка претставува мешавина од патентирани молекули, развиени да ги оживеат клетките во фоликулите што се задолжени за растот на косата. Таа е збогатена со екстракт од ариш и листовите на зелениот чај во комбинација со цинк и аминокиселината глицин. Иновативната комбинација служи за засилување на растот на косата во рамки на циклусот на раст, притоа хранејќи и зацврстувајќи ја косата од самиот корен.

Заедно подобри

Revalid шампонот за стимулација на раст во својот состав содржи и екстракт од швајцарска артемизија и пантенол, па така овој производ не само што нежно ја чисти косата, туку обезбедува влажност и хидратација, притоа зацврстувајќи ја структурата на косата. На овој начин, косата ја добива потребната нега и оптимални услови за третман со Revalid серумот за раст. Тој може да се употреби веднаш по миењето на косата додека е влажна или пак кога ќе се исуши.

Забележливо подобрување кај поголемиот број на испитаници

Redensyl е патентирана, активна состојка од областа на регенеративното медициско истражување што ја зголемува густината на косата за 8 % - што одговара на 28.000 нови влакна по тримесечна секојдневна употреба. Во клиничко истражување*, кое траело повеќе од 84 дена, кај 85 % од учесниците било забележано значително подобрување. На крајот од истражувањето, повеќето од доброволците (над 70 %) биле задоволни од Redensyl и изјавиле дека ќе го купат производот за себе.

*Во двојно-слепо, плацебо-контролирано клиничко  истражување под контрола на искусни дерматолози со 3 % Redensyl

ЗА REVALID

Revalid е бренд основан во 1992 година во Швајцарија специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега на коса и губење на коса. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија. За повеќе информации посетете го нашиот веб сајт www.revalid.mk

ЗА EWOPHARMA

Ewopharma AG, со седиште во Schaffhausen, Швајцарија претставува Ваш иновативен партнер за позиционирање на пазарот фармацевтски производи и производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Централна и Источна Европа и Швајцарија. Со повеќе од 60-годишно присуство во регионот, Ewopharma веќе поседува големо познавање на овие пазари и ужива привилегирана позиција во областа. Оваа компанија вработува повеќе од 360 висококвалификувани кадри во 16 земји. www.ewopharma.com