МАГАЗИН

Медицински третман на првут

 

Првутот е многу честа појава кај населението, претставува хронична и повторувачка состојба на воспаление на кожата на скалпот (дерматит). Што се однесува до преваленцата почесто се јавува кај машкиот пол, а во однос на возраста има две форми:

- Доенечка форма која најчесто се јавува кај доенчињеата до 3 месеци

- Возрасна форма која често е присутна кај адолесценти и поворзасни особи.

Првутот се јавува во вид на лушпи кои може да бидат нежни брашнести или покрупни по главата и на раменатa, на сува  или масна кожа на скалпот проследена со или без воспаление или чешање. Видливите лушпи како и чешањето се причина за намалување на самодовербата, појавата на чувство за несигурност како и намалување на квалитетот на животот. Треба да се напомене дека првутот најмногу влијае на намалувањето на квалитетот на социјалниот живот на личноста која го има овој проблем, и тоа најчесто е изразено преку избегнување на контакт со пријатели и други блиски поради срам од чешање и видливите лушпи на главата. Доколку проблемот не се третира навремено може да прогресира со инфицирање на скалпот (најчесто поради чешањето) и целосно десоцијализирање поради избегнување на контакти.

Најчесто се јавува во ладните месеци, а во топлите месеци со изложување на сонце или комбинација од сонце и море се смирува. Како причина за појава на првутот најчесто се споменуваат стресот, неспиените ноќи како и невролошки заболувања, пример Паркинсоновата болест, психијатриските заболувања, ХИВ позитивните пациенти и пациентите со Псоријаза кои допринесуваат за потешки воспалителни состојби на првут. Во патогенезата на првутот е присуството на нормалниот жител - габата Malessezia која е присутна во лојните жлезди на кожата од скалпот. Таа создава метаболити како масни киселини  кои го будат имунолошкиот одговор и резултираат со дерматит т.е првут. Лекувањето на првутот е насочено кон смирување и повлекување на првутот, но не завршува со целосно излекување. Затоа се користат медицински шампони и се препорачува употреба на истите 2-3 пати неделно. Активните состојки на медицинските шампони се piroctone olamine, zinc pyrithione, ciclopiron и негови аналози, ketokonazole, selenium sulfide, силицилна киселина итн.

 

Кај воспалените форми се препорачува краткотрајна употреба на кортикостероидни локални препарати или нивни современи замени (кај нас засега тешко достапни и скапи). Кај резистентните форми, кај возрасните може и орална терапија со капсули Itraconazole и ниски дози на Isotretionin. За среќа, првутот не е нерешлив проблем. Едноставно треба да бидете упорни и да го пронајдете најдоброто решение за вас.

• Минимизирајте ја употребата на производи за стилизирање на косата. Геловите, пените и спрејовите за стилизирање на косата можат дополнително да го иритираат скалпот и да ја влошат состојбата со првутот. Некои од нив може и да ја предизвикаат самата појава на првут. Ако се сомневате дека одреден производ може да ви причинил првут, целосно стопирајте ја неговата употреба за да видите дали ќе се подобри состојбата.

•  Мијте ја косата најмалку 3 пати неделно. Ако имате масен скалп, потребно е да ја миете косата скоро секој ден. Но, ако имате сува кожа на скалпот, тогаш мијте ја косата 3 пати неделно.

•  Користете шампон против првут. Првиот чекор при отстранувањето на непријатните бели лушпи од кожа е користењето на шампон против првут.

Особено се препорачуват шампони  кои  содржат екстракт од коприва, пантенол и алантоин кој го смируваат скалпот и го намалуваат непријатното чешање. На нашиот пазар веќе е достапен Revalid шампонот против првут, кој ги комбинира овие активни состојки. Revalid шампонот против првут е клинички и дерматолошки тестиран и докажан.