ТОНИК ЗА КОСА
Благодарение на енергетската формула со кофеин, Revalid тоникот за коса ги зајакнува фоликулите на косата, го спречува опаѓањето на косата и овозможува нејзино растење. Кофеинот исто и ја зајакнува слабата коса и ја заштитува од понатамошно оштетување. Дополнително нежната масажа при нанесување помага да се стимулира циркулацијата на крвта во скалпот која е корисна за целата коса. Пантенолот, екстрактот од пченични никулци и екстрактот од овес дополнително го смируваат скалпот. Не содржи парабени, сулфати и силикон.
ОЦЕНЕТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ
АКТИВНИ СОСТОЈКИ
КОФЕИН
Кофеинот ја стимулира циркулацијата на крвта на скалпот и на корените на косата.
ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Како таква, оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат разделените краеви и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата.
ПРИРОДНИ ЕКСТРАКТИ
Екстрактите од пченични никулци содржат протеини и аминокиселини кои ја негуваат и зајакнуваат косата. Исто така, помагаат да се врати изгубената влажност и да се спречи понатамошно оштетување. Avena sativa екстрактот од овес делува на смирување на црвенилото и иритацијата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Тоникот Revalid ампулите се спакувани во практични шишенца за една употреба. Отстранете го капачето и ставете го апликаторот силно зацврстувајќи го. Нанесете подеднакво на влажна или сува коса преку целиот скалп и нежно масирајте со прстите. Најдобро е ако тоникот Revalid Hair се нанесува наутро и навечер во период од најмалку два до три месеци за да им овозможи на корените да се регенерираат..
Predobar