НЕГА НА КОСА

Грижата за косата е важен дел од целокупната грижа за себеси. Не само што има влијание на тоа како нè перципира околината, туку и на тоа како се чувствуваме во врска со себеси.

Добрата грижа за косата има важна улога во изразувањето на вашата индивидуалност и формирањето позитивна слика за себе. Може да го смени вашето расположение и да ја подигне вашата самодоверба. Без разлика дали се запознавате со нови луѓе околу вас или сакате да оставите добар професионален впечаток, негуваната и здрава коса ви помага да се чувствувате добро во вашето тело.

Со целнo насочена рутина за грижа на косата можете да ги повратите виталноста и сјајот на вашата коса. Revalid ви нуди производи за коса дизајнирани специјално за вашите потреби. Можете да одберете производи за нега, ревитализација, елиминирање на првут или против опаѓање на коса. Дерматолошки тестирана целата Revalid линија е со највисоко ниво на квалитет за да ви овозможи најдобри решенија за грижа на вашата коса.

СТРУКТУРА НА ВЛАКНОТО

Секое влакно расте од фоликула;издлабување кое се формира кога базалниот слој на епидермисот се развива во дермис.

Долниот дел од фоликулот е составен од булбус, кој е исполнет со клетки за раст. Булбусот обвиткува неколку слоеви кои се протегаат низ фоликулот. Во составот на долниот дел на фоликулот влегуваат и дермалната папила и матриксот на влакното.

Во папилата има крвни садови, кои ја снабдуваат косата што расте со кислород и хранливи состојки.

Околу папилата е матриксот на влакното од којшто расте влакното. Овде клетките растат брзо и се диференцираат и делат брзо со процес на митоза, на тој начин овозможувајќи раст на нова коса кај што паѓа старата.

На почеток клетките се многу слични. Како што се движат низ фоликулот и го продуцираат и акумулираат протеинот кератин тие ја менуваат својата форма. Овој процес резултира со три типа клетки на влакното. До мометот кога овие клетки ќе стигнат до третина од патот во фоликулот, тие умираат и се зацврснуваат (кератинизираат).

Секоја фоликула има и лојни жлезди, кои  произведуваат масна материја наречена себум. Себумот ја навлажнува косата и скалпот и спречува развој на бактерии.

Веднаш под лојната жлезда има испакнатина на местото кај што се припојува мускулутот Arector pilli. Во оваа испакнатина се наоѓаат матичните клетки кои го регенерираат фоликулот за време на следниот циклус на раст на влакното.

СТЕБЛО НА ВЛАКНО

Стеблото на влакното е делот од влакното кој го гледаме над кожата. Стеблото има три слоја: медула (внатрешен слој), кортекс (среден слој) и кутикила (надворешен слој).

Медула

Медулата е највнатрешниот дел на секое влакно и содржи фиброзен протеин наречен кератин. Кератинот е клучниот градежен елемент на нашата коса и ѝ ја дава потребната цврстина и еластичност. Ѝ овозможува на косата да ги издржи како високите така и ниските температури и ја штити од сончевите зраци.

Кутикула

Kутикулата формира заштитен слој околу кортексот. Составена е од повеќеслојни кератински лушпи, делови, слично како структурата на шишарката. Кутикулата е тенка и безбојан и овозвожува пигментите да сјаат низ цело влано.

Кортекс

Кортексот сочинува 75 до 90 отсто од волуменот на влакното и се состои од истиот фиброзен протеин којшто се наоѓа во медулата, кератин. Кортексот во голем дел ја одредува формата, текстурата, бојата и еластичноста на косата.

ЦИКЛУСОТ НА РАСТ НА КОСА

Растот на човековата коса се одвива во три фази: анагена, катагена и телогена фаза.

Анагена фаза: Фаза на растење

Ова е фазата кога се формира новиот корен на влакното, а косата расте просечно по 1 см месечно. Анагената фаза може да трае од две до шест години. Во кој било момент  85 до 90 проценти од косата на вашата глава е во оваа фаза.

Катагена фаза: За време на оваа фаза која трае две до три недели, продукцијата на клетки запира. Растот на косата се проближува кон крајот и фоликулот се собира, се смалува. Околу 1 % од косата е во оваа преодна фаза.

Телогена фаза: Фазата на одмор и регенерација

Оваа фаза трае околу 2 до 4 месеци, период во кој фоликулот e во мирување, а потоа може да почне да паѓа косата. Кога оваа фаза ќе заврши, фоликулот ќе влезе повторно во анагена фаза и ќе се појават нови влакна. Отприлика околу 10 до 15 % од вашата коса е во оваа фаза. За време на интензивно опаѓање на косата, околу 30 % од влакната можат да бидат во телогена фаза. 

Вообичаено, возрасна особа губи околу 100 влакна во текот на денот. Зголемено опаѓање на косата може да биде во разни форми и предизвикано од разни причинители. Дифузно опаѓање на косата е термин кој се употребува кога има зголемено опаѓање на косата на целата глава. 