КОСА ШТО СТАРЕЕ

Луѓето секогаш барале начини да ги забават природните процеси на стареење на телото и да ги намалат видливите знаци на староста. Со зголемувањето на животниот век луѓето се чувствуваат помлади во подоцнежната доба и сакаат тоа да се рефлектира и во нивниот изглед. Желбата за помлад изглед игра се позначајна улога, а производите и третманите кои помагаат во тоа се сè пораспространети.

Исто како и нашата кожа така и нашата коса старее како што стрееме и ние. Најчесто мислиме на промената во бојата, но зрелата коса, исто така се менува и во својата текстура. Истенчената коса почесто се јавува кај постарите луѓе од двата пола. Косата што старее бара соодветна нега за да се намалат овие симптоми.

Вообичаеното верување дека степенот на старост може да се определи со бројот на побелени влакна на главата е само делумно точна. Побелената коса може да се јави и на многу помлада возраст, на пример, поради генетска предиспозиција. Природниот процес на страеење на косата почнува во периодот од 25 до 40 година.

Како што старееме нашата коса поминува низ видливи промени во густината, текстурата и податливост за средување. Сувоста и чувството на затегнатост на скалпот се, исто така, симптоми кои се јавуваат кај зрелата коса. Ако косата не е снабдена со неопходните хранливи состојки за здрав раст, може да ја изгуби својата податливост и сјај, правејќи го средувањето тешко.

Хормонските промени поврзани со стареењето можат да предизвикаат анагената фаза или фазата на раст на влакното да се скрати, а телогената фаза на одмор да се продолжи. Ова резултира со поретка и послаба коса.

Овие промени можат значително да влијаат на нашата општа благостостојба и самодоверба бидејќи изгледот на нашата коса често се доживува како изразување на сопствениот имиџ. Исто така, природната отпорност на косата се намалува со стареењето, косата станува почуствителна на надворешни влијанија и бара поголема нега. 

Како се менува нашата коса со стареењето?

Белата коса или „обелувањето“ е еден од првите знаци на стареење на косата. Косата најчесто прво побелува кај слепоочниците и овој процес се шири кон врвот на скалпот. Фоликулите што ја произведуваат нашата коса содржат меланоцити, клетки одговорни за продукција на меланин. Како што старееме, продукцијата на меланин во овие клетки се намалува. Нашите гени влијаат многу во одредувањето на возраста кога ова ќе се случи. Некој може да ги види своите бели влакна уште во дваесеттите, повеќето ќе најдат бели влакна во своите триесетти, а до педесеттите многумина ќе имаат значително побелена коса.

Истенчено влакно е, исто така, чест проблем кај зрелата коса. Прво се намалува густината на косата и косата почнува да расте потенка понекогаш дури и невидлива. Ова може да биде проследено со опаѓање. Како што старееме просечната бројка на губење на 100 влакна дневно се зголемува, затоа што фоликулите на влакното не можат да ја заменат изгубената коса толку брзо како на помлада возраст. Ова резултира со истенчување на косата на врвот на главата, правејќи го скалпот уште повидлив. Редовна нега на коса може да ја стимулира циркулацијата и да ги зајакне корените на влакната, продолжувајќи ја фазата на активно растење и зголемувајќи ја густината.

Како што косата се истенчува, таа исто губи волумен и еластичност правејќи ја покршлива, особено таа коса која што била третирана со хемикалии или топлина.

Зрелата коса е често пати посува од помладата коса. Лојните жлезди сместени во фоликулите на влакното се смалуваат и произведуваат помалку масти. На тој начин косата ја губи својата природна, навлажнувачка, заштитна обвивка. Ова, исто така, ја прави помалку податлива за обликување. Добрата нега на косата може да ја надомести влажноста. 

Како што старееме нашата коса го губи природниот сјај поради што изгледа како безбојна и безживотна. Од една страна, ова се должи на редукцијата на природната влажност, а од друга, на промените на површината на влакното. Зрелата, побелена коса има погруба текстура делумно и поради редукцијата на меланинот.

Промените во текстурата на косата можат да бидат предизвикани и од хормонални пореметувања во зависност од возраста, како на пример, менопауза.