Стареење / тенка коса
Како што старееме, нашата коса станува потенка и кревка. Процесот на стареење не може да се врати назад, но може да се забави. На клеточно ниво, здравјето на скалпот може да биде под влијание на воспаление како локален одговор на клеточна повреда, оксидативен стрес и оштетување на ДНК.
За време на процесот на стареење, одбраната на клетките на кожата од оксидација станува послаба, како и нивните механизми за обновување на ДНК. Ова доведува до зголемување на слободните радикали и оштетување на ДНК, предизвикувајќи оштетување на ткивото и ослабување на структурата на влакната. Со давање на потребната посебна грижа на вашата коса и скалп, можете да ја подобрите силата и изгледот на косата.
Природниот циклус на растење на косата се состои од три фази: анагена, катагена и телогена фаза. Видливиот раст на влакното на косата од фоликулите се одвива во анагената фаза. Два вида клетки имаат важна улога за иницијација во оваа фаза: кожните папиларни клетки заедно со кожните фибробласти и зголемените матични клетки (или ORSc клетки) лоцирани на надворешната обвивка на коренот на фоликулот.
Благодарение на важната улога која ја играат ORSc клетките, следниве фактори може да бидат основна причина за опаѓање на косата. ORSc клетките се помалку продуктивни и како такви нецелосно го потпомагаат растењето на косата или комуникацијата помеѓу папилата и ORSc клетките се прекинува, намалувајќи го степенот на обновувања на папиларните клетки. Овие околности го спречуваат повторното започнување на анагената фаза која следува после телогената фаза, намалувајќи го целосно степенот на раст кој води до опаѓање на косата.
Хормоналните промени поврзани со возраста, исто така, предизвикуваат фаза на раст на косата да биде пократка, а фазата на одмор да биде подолга. Ова резултира во производство на помалку и потенка коса. Овие промени можат да имаат значителен ефект врз нашата целокупна благосостојба и самодоверба. Заштитете го вашиот скалп и забавете го стареењето на косата со најновата иновација во нега на коса од Revalid - Revalid Anti-Aging Shampoo и Revalid Anti-Aging Fluid.