Сува и оштетена коса
Сувата и оштетена коса може да изгледа без живост и неуредно. Како што и на вашата кожа ѝ е потребно зголемување на влажноста, на вашата коса, исто така, ѝ треба малку помош. Сувата коса може да е резултат на влијание од надворешни фактори, како јаки производи за коса, загреани направи за стилизирање, претерано чешлање, бојадисување и екстремни временски услови. Внатрешните фактори, исто така, може да играат улога, како на пример, хормонални промени и небалансирана исхрана. Природно витканата коса е поподложна на сушење.
Кога е премногу сува, постои поголем ризик косата да се оштети и да распука дури и ако корените се активни и здрави. Revalid Hair системот за обновување на коса е направен да обезбеди брзо ревитализација на сувата коса и да спречи нејзино понатамошно оштетување. Комбинацијата од шампон, балсам, маска и тоник ќе ви помогне да се изборите со сувата и оштетена коса.
Revalid системот за регенерација на коса е направен од производи кои заедно делуваат за зајакнување, негување и оживување на сувата и оштетена коса. Овие напредни формули се создадени за да ја подобрат текстурата и еластичноста на вашата коса, давајќи ѝ здрав изглед и сјај.
Revalid системот за регенерација на косата е составен од четири чекори:
Чекор 1: Зајакнување со Revalid шампонот
Revalid шампонот нежно и целосно ја чисти косата и истовремено ја регенерира. Хранливите состојки како екстракт од пченични никуци и пантенол (витамин B5) ја зајакнуваат структурата на косата додека алантоинот и екстрактот од овес го смируваат вашиот скалп.
Чекор 2: Екстра нега со Revalid балсам
Revalid балсамот е направен за подобрување на структурата на вашата коса, враќајќи ја нејзината густина и виталност. Хранливите состојки како екстракт од овес, екстракт од пченични никулци и пантенол ја прават вашата коса мека, сјајна и елатична без да тежи надолу.
Чекор 3: Хранење со Revalid регенеративна маска за коса
Revalid регенеративната маска е третман за интензивна нега чија формула е збогатена со активни состојки како пантенол, алантоин, екстракт од пченични никулци и екстракт од овес. Revalid регенеративна маска за коса ја зајакнува оштетената коса, го намалува ризикот од кршење и го задржува чувството на мека коса.
Чекор 4: Реактивирање со Revalid тоникот за коса
Revalid тоникот за коса содржи енергетска формула со кофеин која ги зајакнува фоликулите на влакното, го спречува опаѓањето на косата и овозможува нејзино растење. Пантенолот, ектрактот од пченични нукулци и екстрактот од овес, исто така, помагаат за смирување на вашиот скалп.