ЧЕШАЊЕ НА СКАЛПОТ

Скалп кој чеша, лушпи од кожа и ранички на скалпот се сите симптоми предизвикани од првутот. Оваа состојба се јавува кога скалпот е многу сув или многу мaсен. Во таква состојба, скалпот произведува бели лушпи од мртва кожа кои се акумулираат во косата и паѓаат на рамената. Покрај тоа што присуството на бели лушпи на облеката е непријатно само по себе, појавата на црвенило и чешање на скалпот е дополнителен проблем. Ова претставува затворен круг бидејќи агресивното чешање води до гребење што уште повеќе ја иритира кожата предизвикуваќи осип па дури и ранички.

Првутот најчесто е безопасен, но има големо влијание на самодовербата. Исто така, упорниот првут може да биде сигнал за некоја друга состојба.

Секојдневно губиме мртви клетки од кожата како дел од нејзиниот природен процес на обнова.

Клетките на кожата се создаваат во најдлабоките слоеви на епидермисот (надворешниот слој на кожата) и созреваат како што се движат нагоре кон површината. Кога ќе стигнат до најгорниот слој на епидермисот тие се лупат како лушпи од мртва кожа. Овие лушпи вообичаено се невидливи на голо око, освен ако не се групираат како првут.

Прекумерното губење на мртва кожа предизвикува чешање на скалпот. Ова предизвикува чешање кое доколку е поагресивно може да доведе до воспаление, мали абразии, па дури и бактериска инфекција која може уште повеќе да ја влоши состобата.

Околу 50% од светската популација се соочува со првут во некој период од животот.

Постојат два типа на првут. На сувиот првут најчесто му претходи предиспонираност кон сува кожа и може да биде предизвикан со употреба прекумерна топлина или силни производи за коса. Масниот првут е предизвикан од прекумерно размножување на габата Malassezia која е присутна на скалпот кај повеќето возрасни луѓе. Ова може да предизвика прекумерно лачење на себум и на тој начин предизвикувајќи масен првут. Масниот првут се карактеризира со поголеми лушпи во однос на сувиот првут и по жолтеникавата боја. И некои други состојби можат да предизвикаат првут, а за нив е неопходна е консултација со доктор.

- Атопична егзема (neurodermatitis), состојба поврзана со екстремно сува, црвена кожа која чеша.

- Контактен дерматитис што претставува алергиска реакција на козметика или производи за коса исто така може да предизвика симптоми на првут.

- Себороична егзема, која може да предизвика јако чешање и го зафаќа и лицето не само скалпот.

Во многу случаи, првутот може да се третира со употреба на специјално создадени производи за нега на коса или со избегнување за употреба на производи кои дополнително можат да го иритираат скалпот.

Ако симптомите на првутот се резултат на вашата здравстена состојба, тогаш треба да побарате помош од специјалист.

Дали првутот може да предизвика опаѓање на коса?

Првутот сам по себе не предизвикува опаѓање на косата, но агресивното чешање на скалот за да се намали чешањето може да го ослабе коренот на влакното и да предизвика опаѓање. Како резултат на воспалението и акумулацијата на себум, создаден за заштита на влакното, може да ги блокира фоликулите на влакното и со тоа да го спречи растот на коса резултираќи со истенчување и опаѓање на косата.