Revalid е бренд основан во Швајцарија создаден да обезбеди холистички решенија за нега на коса и губење на коса. Водени од нашата посветеност да помогнеме на нашите клиенти да добијат здрава, убава и цврста коса каква што посакуваат, нашата работа се базира на научни истражувања, иновации, високо ниво на стручност и се разбира традиција. Работиме заедно со здравствени работници, дерматолози и независни институти и канализираме долгогодишно искуство и стручно знаење за развој на производи кои функционираат, како што е докажано при сеопфатните клинички истражувања.
Ние во Revalid веруваме дека здрава коса е убава коса и го разбираме позитивниот психолошки ефект што здравата коса може да го има. Нашата коса не само што влијае на тоа како другите нè гледаат, туку и на тоа како се чувствуваме. Начинот на кој се грижиме за косата има важна улога во формирањето на нашата лична слика – со зголемување на расположението и самодовербата - и овозможува да го изразиме нашиот сопствен индивидуален идентитет. Без разлика дали запознаваме нови луѓе или сакаме да создадеме добар професионален впечаток, добро одржуваната, здрава коса ви помага да се чувствувате добро во вашето тело.
Точно тоа не води постојано да развиваме производи кои ги ублажуваат проблемите со косата, ја враќаат природната убавина на вашата коса и ја враќаат вашата самодоверба.
Во одреден период од нашиот живот, кај многу од нас се јавуваат проблеми со косата - без разлика дали тоа е разретчување на косата, сув скалп или разделени врвови на косата. Таквите состојби може да бидат предизвикани од голем број фактори - надворешни и генетски. Иако не можат целосно да се излечат сите проблеми, вистинската рутинска нега на косата може да помогне да се ублажат симптомите и да се спречи понатамошната прогресија. Revalid ги комбинира сите неопходни чекори во една колекција, која е лесна за користење, за да и ја даде на вашата коса оптимално потребната грижа.
Ние веруваме во холистичкиот пристап кој ја храни косата од коренот до врвовите. Ова е причината зошто колекцијата Revalid функционира во комбинација на производи за нега на коса. Ги соединува најдобрите активни состојки, природни екстракти и витамини за да го поддржи вашето тело и да ја направи вашата коса поздрава и посилна, а сепак да остане доволно нежна.
Зајакнување со Revalid шампон (Revalid Shampoo)
Миење со шампон е чекор во нашата рутина за нега на коса која најчесто се случува. Затоа ви треба производ кој темелно ја чисти вашата коса, но исто така е нежен за косата. Не само што Revalid (протеински шампон за ревитализација) го прави токму тоа, но исто така ѝ дава на вашата коса живост. Неговата специјална формула ги комбинира активните состојки и природните екстракти за да ја зголеми цврстината и густината на косата и го намалува оштетувањето. Пантенолот (витамин Б5) и помага на вашата коса да ја задржи влагата, го намалува оштетувањето и разделените врвови, додека алантоинот го смирува скалпот и ја стимулира регенерацијата на кожата. Природните екстракти (пченични никулци и овес), исто така ја негуваат вашата коса и скалпот и го смируваат црвенилото и иритацијата.
Дополнителна нега со Revalid балсам (Revalid Conditioner)
Подеднакво важен чекор во рутината за нега на коса е употребата на балсам. Revalid регенеративниот протеински балсам е создаден да и даде на вашата коса дополнителна нега. Пантенолот, алантоинот и природните екстракти овозможуваат подобрување на структурата на вашата коса и враќање на нејзината густина и еластичност. По миењето на косата со шампонот нанасете го балсамот рамномерно на влажна коса. Оставете да делува неколку минути за вашата коса да биде мека и еластична без да спласне.
Друг позитивен ефект: го прави чешлањето полесно!
Хранење со Revalid регенеративна маска (Revalid Repair Mask )
Понекогаш на вашата коса и треба малку повеќе потхранување отколку што секојдневната употреба на балсамот може да го обезбеди тоа. Затоа тука е Revalid регенеративната маска. Овој интензивен третман за нега на коса содржи специјално развиена формула за пробивање длабоко во коренот на косата за да ја врати нејзината виталност од коренот до врвовите. Таа е совршено дополнување на Revalid шампонот и Revalid балсамот, при што ја зајакнува оштетената и слаба коса, намалувајќи го оштетувањето. Редовното користење може дури и да ги намали заплеткувањето на косата и раздвоените врвови. Посветете си малку време самите себе, нанесете Revalid регенеративна маска и оставете да делува пет до десет минути додека се релаксирате, а вашата коса ќе биде нежна и мазна.
Реактивирање со Revalid тоник за коса (Revalid Hair Tonic)
Не само што е корисен во утринското будење, кофеинот, исто така, помага да се стимулира циркулацијата на крвта на скалпот. Како активна состојка во Revalid тоникот за коса, го потпомага растот на косата, ја зајакнува слабата коса и ја заштитува од понатамошно оштетување. Рициновото масло, пантенолот и природните екстракти, исто така ја навлажнуваат косата и го смируваат и зајакнуваат скалпот и косата. Revalid тоникот за коса може да се примени на влажна или сува коса, што лесно и брзо се вклопува во вашата рутина за нега на коса. Продолжете со нежна масажа на главата, која е корисна за целокупното здравје на косата и скалпот.
Сите производи во Revalid линијата за нега на коса не содржат парабени и силикони.
Комбинирањето на овие чекори како дел од вашата рутинска нега ќе ги обезбеди најдобрите услови за силна и здрава коса на која било возраст. Revalid колекцијата за нега на коса ви помага да го земете здравјето на вашата коса во свои раце, овозможувајќи Ви да блескате со убавина и да ја вратите вашата самодоверба.